Светската банка издвои 12 милијарди долари за пaкетот итна помош на земјите погодени од коронавирусот за да ги ублажат економските последици од епидемијата.

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, рече дека се уште има многу непознавачи за прашањето на ширењето на вирусот и дека можеби ќе требаат многу повеќе пари, пренесе „Ројтерс“.

Тој ги повика земјите да ги координираат акциите на регионално и на меѓународно ниво и додаде дека брзината и обемот на помошта се од клучно значење за спасување на животите.