Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун, наводно е во лоша здравствена состојба по операција на срцето, според информациите на тајните служби кои САД ги следат, објави Си-ен-ен.

Гласините беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо, во средата. Севернокорејскиот лидер го имал последното јавно појавување на 11 април на владина седница.

Јужнокорејските медиуми објавија дека на Ким Јонг-унму била извршена операција на срце на 12 април, по која, според неофицијални информации, тој е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.