Првата од неколкуте ирански ракети кои ја погодија американската воена база падна врз пистата, безмалку уништувајќи ја стражарската кула, каде што двајца млади војници беа на стража. Друга падна близу мензата и разурна дел од зградата во која во тој момент работеа неколку оператори на дронови, пишува „Њујорк тајмс“.

Базата Аин ал Асад во западен Ирак беше една од двете бази погодени во минатонеделниот ирански напад во знак на одмазда за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани. Како што пламенот и прашината го исполнија воздухот кога зградата беше погодена, опораторите на дронови се сокрија под масите, а светлата згаснаа.

Тие останаа во зградата и покрај предупредувањата за непосреден напад бидејќи сакаа да ги тргнат дроновите, за да избегнат уништување од непријателските ракети. 

– Не знаевме дали ќе има копнен напад – вели наредникот Весли Килпатрик.

Во извесна мера успеаја во сочувувањето на дроновите. Откако нападот заврши еден од војниците задолжени за дроновите, поита надвор за да ги побара неговите колеги.

– Тоа беше како сцена од акционен филм. Се обидов да дојдам под биро за да го спуштам мојот дрон, но електричните жици беа спржени и не можев да го вратам – вели Костин Хервиг.

Во понеделникот, наспроти тензиите помеѓу Иран и САД и горливотор прашање американската војска ќе добие наредба да го напушти Ирак, што ирачкиот парламент претходно го побара, базата воглавно функционираше вообичаено.

Беше забрането да се јаде во мензата, бидејќи не беше сигурна во случај на ракетен напад. Па сите ја земаа својата храна и заминуваа. Дел од сместувачките капацитети и канцеларии беа уништени, но нивната обнова веќе почна.

Дронот што го загуби наредникот Хервиг беше една од „жртвите“ на нападот врз базата што беше отворена од Садам Хусеин во 1987 година. Никој не беше убиен ниту повреден во петте ракетни баражи вечерта на нападот. 

Американската база ги осуети нападите и ги предвиде најверојатните цели, со што персоналот во воздухопловната база Асад имал 15 минути за да се засолни. Во базата има околу 1.500 припадници на американската армија и уште 500 други од сојузничките држави, воглавно Данци, Норвежани и Полјаци.