Бројот на сајберзлосторства во Москва се зголемил за речиси 40 отсто од почетокот на годинава, соопшти денеска градското обвинителство, пренесува ТАСС.

– Повеќе од 14.600 злосторства во кои се вклучени информатички и комуникациски технологии се регистрирани во Москва во првиот квартал од годината, што е за 38 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година – се вели во соопштението.

Според органите на прогонот, повеќето сајберкриминалци сакаат да украдат пари од банкарски сметки на други луѓе.

Обвинителството во Москва истакна дека луѓето никогаш не смеат да ги даваат никому деталите од своите банкарски картички преку телефон, дури и ако другата страна тврди дека ги претставува нивната банка или агенциите за спроведување на законот.