Саудиска Арабија привремено ја запре испораката на нафта низ теснецот Баб-ел-Мандеб, откако јеменските бунтовници нападнаа саудиски нафтен танкер во близината на западниот брег на Јемен. Саудиските власти соопштија дека паузата во испораката ќе трае низ теснецот, кој ги поврзува Црвено Море и Аденскиот Залив, пренесува РТ.
Одлуката на Ријад следува по нападот на бунтовниците Хути врз саудискиот танкер во Црвено Море, во кој е предизвикана помала штета врз бродот. Сличен напад се случи и во април, во близината на јеменското пристаниште Ходеида.

Хутите, кои ја контролираат јеменската престолнина Сана и големи делови од северниот дел на земјата, често ги напаѓаат саудиските нафтени инсталации. Баб-ел-Мандеб е потенцијално тесно грло за саудиската испорака на нафта. Секое подолготрајно нарушување на сообраќајот низ теснецот ќе резултира со голем хаос на светскиот пазар на нафта.