Од 2017 година, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, соработува со консултантски тимови за развој на неговата визија да изгради футуристички град во вредност од 500 милијарди американски долари во северозападен дел на Саудиска Арабија.

Вештачка месечина ќе го осветлува небото секоја вечер, а остров во стил на Џурасик парк ќе им овозможи на посетителите да се дружат со роботи диносауруси, пренесува „Волстрит џурнал“.

Исто така, во документите има планови за присилно преселување на локалните племиња, ќе се создадат клиники за генетски инженеринг и надзор на владата 24 чаза на ден – што значи дека овој футуристички град повеќе личи на научна фантастика.

Принцот, исто така, планира да се ослободи од пустината и да создаде вештачки дожд преку Неом за да го олади градот.

Иако предвидува големи работи, футуристичкиот град исто така звучи како тоталитарна супервизорска држава.

Тоа ќе биде целосно автоматизиран град, а како што се вели во документите, компјутерот ќе може да регистрира злосторства без никој да ги пријавува.

Исто така, принцот не само што размислува да создаде посебен град, туку само неколку избрани ќе можат да живеат во него.