Принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, рече дека ја сноси одговорноста за убиството на новинарот Џамал Кашоги што се случи минатата година. Ова тој го кажал во документарен филм на Пи-би-ес кој би требало да биде емитуван следната недела.

– Тоа се случи под мое владеење. Сета одговорност е моја затоа што се случи под мое владеење – му рекол принцот на новинарот Мартин Смит во документарниот филм што ќе биде прикажан на 1 октомври.

Прашан како е можно убиството да се случило без негово знаење, Бин Салман го избегнал одговорот.