Кралот на Саудиска Арабија, 84-годишниот Салман бин Абдулазиз, заврши во болница поради воспаление на жолчката, објави агенцијата СПА. Саудискиот крал бил примен во болница во главниот град Ријад.

На кралот, кој управува со најголемиот светски извозник на нафта и близок сојузник на САД од 2015 година, му биле извршени неколку лекарски прегледи, додава агенцијата, но не наведува детали.

Салман мина две и пол години како саудиски принц и вицепремиер пред да стане крал. Тој исто така работел како гувернер на регионот Ријад повеќе од 50 години.

Дефакто владетел и следен на тронот е принцот Мохамед бин Салман, познат по неговите иницијали МБС, кој иницираше реформи за трансформација на економијата на земјата и ставање крај на нејзината зависност од нафтата.

Триесет и четиригодишниот принц, кој е многу популарен меѓу младите Саудијци, заработи многу симпатии и пофалби од локалното население, откако ги олабави социјалните ограничувања во рамките на конзервативното муслиманско кралство, давајќи им повеќе права на жените и ветувајќи диверзификација на економијата.