Саудискиот крал Салман денеска нареди истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги откако турксите власти најавија претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул, каде на 2 октомври влезе Кашоги и потоа му се губи трагата.

Според турската телевизија НТВ, која се повикува на дипломатски извори, турските власти денеска попладне ќе извршат претсрес во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во рамки на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар. 

– Кралот му нареди на Јавниот обвинител да отвори внатрешна истрага за предметот Kашоги врз основа на информациите од заедничката работна група во Истанбул”, изјави официјално лице, кое побарало анонимност.

Делегацијата на Саудиска Арабија пристигна во петокот во Турција. Анкара се согласи  да се формира заедничка работна група со Саудиска Арабија, со цел да се утврдат околностите на исчезнувањето на новинарот.

Kашоги, новинар кој работеше за „Вашингтон пост“ и беше критичар на Ријад, се води за исчезнат откако на 2 октомври влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе некои документи. Турските власти стравуваат дека тој е убиен од рајната служба на Саудиска Арабија, додека Ријад негира.