Генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мохамад ал Отајби е разрешен и против него ќе биде покрената истрага, објавија саудиските медиуми.

Ал Отајби е разрешен и ќе биде под истрага поради исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, кој последен пат на 2 октомври е виден како влегува во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.

Конзулот ал Отајби вчера замина од Истанбул за Ријад.