Саудиска Арабија ја укина смртната казна за малолетници осудени за кривични дела.

На оваа одлука ѝ претходеше одлука со која на судиите повеќе не им е дозволено да изрекуваат казна со камшикување и истата треба да ја заменат со затворска или парична казна или со општествено корисна работа.

Претседателот на Комисијата за човекови права на Саудиска Арабија, Авад Алавад, рекол дека овие одлуки ја покажуваат посветеноста на Саудиска Арабија за реформи кога станува збор за законодавството и човековите права.