Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир ја повтори подготвеноста на таа држава да распореди војници во Сирија, како дел од напорите стабилизација на земјата.

– Од почетокот на кризата разговараме со САД за испраќање на војници во Сирија, изјави Џубери на прес-конференцијата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Неговата изјава беше коментар на написот на „Вол стрит џурнал“ во кој се наведува дека американската администрација сака да ја собере арапската воена коалиција, која би ги вклучила Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со цел да помогне во стабилизацијата на Сирија.

-Тоа не е нешто ново. Ние и на Обама му го предлагавме тоа, изјави Џубеир.