Саудиска Арабија објави дека ќе забрани доаѓање од странство на аџилак оваа година поради коронавирусот и дека ќе им овозможи само на ограничен број саудиски државјани да одат на аџилак со примена на мерки за социјално растојание.

Тоа ќе биде прва година во модерните времиња да не им се дозволи на муслиманите од целиот свет да доаѓаат на аџилак во Мека, што треба да го прават сите муслимани барем еднаш во животот, пренесува „Ројтерс“.

– Оваа одлука е донесена за да се осигура дека аџилакот се изведува безбедно од перспектива на јавното здравство, притоа почитувајќи ги сите превентивни мерки и неопходни протоколи за социјално растојание и да се заштитат луѓето од ризиците поврзани со оваа пандемија и во согласност со исламските учења на зачувување на човечките животи – се вели во соопштението на министерството надлежно за аџилак.

Бројот на заболени од коронавирусот во Саудиска Арабија надмина 160.000, починале 1.307, а бројот на нови инфекции е зголемен во последните две недели.

Околу 2,5 милиони верници обично ги посетуваат најсвежите места во исламот, Мека и Медина во текот на неделата во аџилак. Официјалните бројки покажуваат дека Саудиска Арабија заработува околу 12 милијарди долари годишно од аџилакот и од помал целогодишен аџилак познат како умрах.