Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Ибрахим ал Асаф, ги повика муслиманските држави да се спротивстават со сите сили на неодамнешните напади во регионот, за кои САД и нивните сојузници го обвинуваат Иран.

-Ние мораме да им се спротивставиме со сите сили- рече Асаф на самитот на министрите за надворешни работи на 57 земји членки на Организацијата за исламска соработка, објави АП.