Поранешниот француски претседател Никола Саркози им порача на судиите што наредија полициска истрага против него, дека обвинувањата оти примал тајни финансиски средства од Либија за својата предизборна кампања во 2007 години се лажни, а од неговиот живот направиле „пекол“.

– Тие обвинувања направија пекол од мојот живот од 11 март 2011 година – ја изјавил 63-годишниот Саркози.

Обвинителите ги разгледуваат наводите дека предизборниот штаб на Саркози во 2007 година примил финансиска помош од повеќе милиони евра од бившиот либиски лидер Моамер Гадафи, кој беше убиен во 2011 година.

„Фигаро“ наведува дека Саркози тврди оти е жртва на дестабилизирачка кампања, поведена во март 2011 година, заснована врз обвинувања од Триполи.

Саркози е обвинет за „пасивна корупција, нелегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“, објавија француски медиуми, повикувајќи се на свои извори.