Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание.

Ова е прв случај од неколкуте истраги што се водат против десничарскиот политичар кој ја водеше Франција во периодот од 2007 до 2012 година, па тој ќе се појави пред судија по неколкугодишни обиди да ги отфрли или поништи обвиненијата.

Во случајот познат како „афера со прислушувањето“, обвинителството тврди дека Саркози и неговиот адвокат Тjери Херцог се обиделе да го подмитат судијата Гилберт Азибер за да им предаде тајни информации од посебната истрага против поранешниот француски лидер.

За возврат, Саркози е обвинет дека му понудил на Азибер да му обезбеди пријатно работно место на Азурниот брег.

Саркози е цел на низа правни истраги – од обвинувањата дека починатиот либиски лидер Моамер ал-Гадафи нелегално ја финансирал неговата кампања до примање наводно мито од продажба на оружје во Пакистан.