Министерот за одбрана на Велецуела, Владимир Падрино Лопез, зборува за време на операција за уништување на кокаин

Санкциите кон Венецуела можеби го спречија протекот на нафта кон Соединетите американски држави, но тие, наводно, направија многу малку за да спречат проток на друг профитабилен производ – кокаинот, пишува „Њузвик“.

Соединетите американски држави се најголемиот потрошувач на кокаин во светот, а најголем дел од кокаинот се испраќа од Колумбија, преку Мексико и Карибите. Но, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја оптовари Венецуела со економски притисоци, истрага покажа дека Венецуела е центар на транспортот на кокаин од Колумбија, чија дестинација е САД.

Како што Венецуела продолжува да се соочува со политички и финансиски кризи предизвикани од внатрешните управувања, како и од надворешните интервенции, меѓународните односи се блокирани, а трговијата со дрога неспречено расте. Во 2017 година, од Венецуела во САД биле испраќани два авиона со кокаин неделно, а во 2018 година носачите летале секојдневно, пишува американскиот магазин. Во спроведената истрага се покажало дека властите во Венецуелам, наводно, стануваат корумпирани и соучесници во пренесувањето на кокаинот за време на кризата во земјата.

Еден од истакнатите личности во бизнисот со кокаин е Хуго Карвахал, долгогодишен главен шпион на починатиот претседател на Венецуела, Хуго Чавез.

Карвахал ги обвини неговите поранешни владини колеги дека, наводно, се вмешани во бизнисот со кокаинот, како што е министерот за правда Нестор Раверол, кој претходно служеше како шеф на борбата против наркотици, и министерот за индустрија Тарек Ел Аисами, кого тој го обвини дека има врски и со либански Хезболах, кој е прогласен за терористичка организација од САД. Карвахал беше уапсен месецов во Шпанија, а против него се води случај поради шверц на кокаин во САД во 2006 година.

САД го поврзуваат и семејството на Мадуро со шверцот на кокаин. Двајца внуци на првата дама Силија Фловерс беа уапсени во 2015 година на Хаити, обидувајќи се да пренесат тон кокаин во САД. Но, венецуелскиот лидер исто така надгледуваше и уништување на неколку лаборатории за кокаин во близина на границата со Kолумбија.

Мигрант од Венецуела работи на плантажа за кокаин во Колумбија. Многу жители од Венецуела, откако останале без работа, се решиле да се занимаваат со оваа нелегална и тешка работа