Руското Министерство за надворешни работи предупреди дека најновите санкции на САД за руска компанија, обвинета дека ги прекршила меѓународните рестрикции кон Северна Кореја, „се деструктивни и бескорисни и оти можат да загрозат разговорите за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров“.

Американското Министерство за финансии во средата воведе санкции за три компании од Русија, Кина и Сингапур со образложение дека и помагале на Северна Кореја да ги избегне меѓународните санкции.

Санкции се воведени и за компанијата „Профинет Пте Лтд“ и нејзиниот генерален директор Василиј Александрович Колчанов, тврдејќи дека фирмата пружала пристанишни услуги за најмалку шест бродови кои пловеле под знамето на Северна Кореја и транспортирале нафта.

– Таквиот чекор на САД би можел да го поткопа напредокот во разговорите за севернокорејските нуклеарни и ракетни програми… САД воведоа санкции во момент кога се потребни здружени напори од меѓународната заедница, а американските санкции се деструктивни и бескорисни – се посочува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.