Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини преку писмо испратено до весникот „Кориере дела Сера“ го повика Сенатот да не го одобри судското барање за почнување судски процес против него бидејќи во август минатата година тој не дозволил 117 мигранти да го напуштат бродот на италијанската крајбрежна стража.

Тој во писмото наведува дека наведените обвинувања против него се „строго поврзани со активностите на министерот за внатрешни работи и силната желба да се одржат ветувањата од предизборната кампања“.

Обвинителството одби да поднесе обвиненија за киднапирање и злоупотреба на службената положба, но судскиот орган за ревизија донесе поинаква пресуда и побара од Сенатот да дозволи процесуирање на случајот.