Италијанскиот заменик-премиер и десничар Матео Салвини тврди дека Европејците треба да гласаат за националистичките партии на Европските избори, поради како што вели тој, ризикот од појава на исламистички Калифат во Европа, пренесува „Индипендент“.

Салвини дискутираше за престојните избори во Европскиот парламент за време на неговата посета во Будимпешта, каде што се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Италијанскиот политичар тврди дека левичарите лидери во Европскиот парламент ќе овозможат појава на ваков Калифат и објави дека ќе направи сè што е во негова можност да го „спаси“ континентот.

– Италијанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи не даде докази и контекст за неговите тврдења, но континуирано даваше изјави со анти-муслиманска и анти-имиграциска реторика во минатото – констатираат од британскиот весник.

Орбан, кој исто така во минатото беше обвинуван за користење на антисемистичка и расистичка реторика изјави дека Европа треба да става приоритет на претходно поставените христијаниски вредности.

Тој исто така сугерираше дека мигрантите прават инвазија на континентот и кажа дека посетата на Салвини во Будимпешта е вистинска чест.

Блискиот однос на двата лидери кои се екстремни десничари доаѓа пред Европските избори кои се закажани за 26 мај. Минатата година, тие договорија соработка за изборите, како контра-тежа за групата предводена од Емануел Макрон, кои водат групи кои ја поддржуваат миграцијата во Европа.

Изминатиот период, Салвини работеше да создаде нова алијанска на Евроскептиците, со која се надева дека ќе успее да го добие најголемото мнозинство во Европскиот парламент.