Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска изјави дека Италија повеќе нема да се смета за камп за мигранти. 

Салвини додаде дека неговата Влада пред четири месеци била нарекувана расистичка, популистичка и неука, но „сега италијанскиот модел на водење на миграции и затворање на пристаништата кога тоа е неопходно, станал популарен”. 

Тој се обрати на денешната средба на министрите за внатрешни работи во Лион, каде што главни теми беа борбата против тероризмот и миграцијата.