Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска потврди дека Вашингтон планира да испрати хуманитарна помош за населението на Венецуела кога за тоа ќе се создадат услови, информира МИА.

– Подготвени сме да обезбедиме хуманитарна помош за народот на Венецуела во висина од 20 милиони долари. Овие средства ќе дозволат да се надмине навистина тешката ситуација во земјата со обезбедување храна и лекови – изјави Помпео на заседание на постојаниот Совет на Организацијата на американските држави.

Тој ги повика и другите земји да ја поддржат опозицијата во Венецуела.

Претходно, Помпео го повика претседателот Николас Мадуро да ги предаде надлежностите додека претседателот Доналд Трамп во меѓувреме го призна за легитимен претседател Хуан Гуаидо, спикер на Националното собрание на Венецуела.

Мадуро ги обвини САД за државен удар и изјави дека ги раскинува дипломатските односи со Вашингтон. Помпео од своја страна изјави дека Мадуро нема надлежности да дава такви изјави.