Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) денеска предложи да се забранат ментол-цигарите во САД.

Предлогот на ФДА се смета за победа на активистите против тутунската индустрија, но и удар врз производителите на цигари.

За забраната да стапи во сила потребни се години, поради можни правни оспорувања од страна на тутунската индустрија, која повеќепати се обидуваше да ги блокира одлуките на ФДА.

Денешниот предлог на ФДА е поради петицијатата од 2013 година, со која се бара забрана на ментол-цигарите.

– Забраната за ментолот, последната дозволена арома во цигарите и забраната за други вкусови ќе спасат животи, особено кај тие што непропорционално се под влијание на стие смртоносни производи – изјави директорката на ФДА, Џенет Вудкок.