Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре ќе го извести Советот за безбедност на ОН за ставот на САД по повод случувањата во Венецуела и ќе побара од членките на тоа тело да го признаат Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, соопшти денеска Стејт департментот.

Вашингтон вчера побараа итен состанок на Советот за безбедност откако САД и некои други држави го признаа Гуаидо за претседател и го повикаа венецуелскиот претседател Николас Мадуро да му ја предаде власта.

Русија од друга страна му изрази официјална поддршка на Мадуро и повика на мирно решавање на кризата во Венецуела.