Соединетите Американски Држави ја повикаа Русија да го уништат новиот систем за лансирање на ракети, кој според нив директно ги прекршува правилата на меѓународниот пакт за користење на нуклеарна сила со среден домет и ја обвинија Москва за дестабилизација на глобалната безбедност, пренесува „Ројтерс“.

Амбасадорот за разоружување на САД, Роберт Вуд за медиумите изјави дека рускиот систем може да носи и да лансира и конвенционални и нуклеарни боеви глави и претставува „директна закана за Европа и Азија“, бидејќи неговиот домет изнесува од 500 до 1.500 километри.

Минатата недела САД го одби предлогот на Русија да се зачува меѓународниот пакт кој има за цел да ги задржи нуклеарните ракети надвор од Европа бидејќи не постола можност правилно да се верификува, со што следната недела САД планира да се повлече од пактот следниот месец,

– За жал, САД дознава дека на Русија не може да и се верува дека ќе ги почитува и следи правилата за контрола на оружје и дека нивните малигни дејствија на сите страни од планетата можат да резултираат со тензии – рече Вуд на Конференцијата за разоружување спонзорирана од Обенинетите нации.

Засега, нема директен одговор од Русија на форумот кој се оддржува во Женева.

– Русија претходно ја тестираше нелегалната ракета позната како ССЦ-8/9М729 и нема преземено ништо за да се врати во рамките на пактот кој е потпишан во 1987 година. Русија мора да ги уништи сите ССЦ-8 ракети како и нивните платформи за лансирање и сета опрема која е поврзана со ракетите и истото да го докже, за да го почитува пактот – рече Вуд.

Вуд дополнително зборуваше и за руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад и за користењето на хемиско оружје поради нападот врз Сергеј Скрипал минатата година.