Со извршна наредба, претседателот Бајден ги прошири рестрикциите за американските банки што тргуваат со рускиот владин долг, протера десет руски дипломати од Вашингтон, вклучувајќи наводни шпиони, и санкционира 32 лица обвинети за мешање во ланските претседателски избори. Со извршната наредба им се забранува на американските кредитори да купуваат нови руски државни обврзници во рубли од 14 јуни. Русија на овој начин го финансира својот буџетски дефицит. Странските пензиски фондови и управувањето со инвестициите сочинуваат околу 42 милијарди долари во долг во рубли.
САД им забранија на американските инвеститори да купуваат нов руски долг во долари во 2014-та, откако Кремљ го анектира Крим од Украина. Руската странска разузнавачки служби (СВР) официјално беше обвинета за хакирањето на „Соларвиндс“, американската влада и корпоративните компјутерски системи. Кремљ ќе се соочи со досега невидени мерки со проширени сајбер-операции врз СВР. Други сајбер-опции се разоткривање или замрзнување тајни капацитети на Путин или неговите врски со олигарсите. Во март, администрацијата на Бајден воведе санкции за седум високи членови на руската влада поради труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални.