Договорот за продажба на оружје вклучува 40 средни самоподвижни хаубици од 155 мм и речиси 1.700 парчиња опрема за претворање проектили во попрецизна муниција што може да се управува со ГПС. Тајванското министерство за одбрана изрази „искрена благодарност“ до американската влада во официјално соопштение, посочувајќи дека продажбата ќе им помогне силите на терен да ги зајакнат „капацитетите за брза реакција и огнена поддршка“.
Новиот пакет следува по неколку значајни продажби на оружје на Тајван, кои беа одобрени во последната година од мандатот на администрацијата на Трамп. Во нив беа вклучени 66 нови модели на авиони „ф-16 блок 70“ од „Локхид Мартин“ и можна продажба вредна 2,4 милијарди долари на антибродски ракети „харпун“ за крајбрежна одбрана на „Боинг“. Од 2010 година, САД соопштија дека му продале на Тајван оружје вредно над 23 милиони долари.
Како и повеќето нации, САД немаат официјални дипломатски врски со Тајван, но со закон се бара да му обезбедат средства за одбрана на островот врз кој Кина полага права и се негов најважен меѓународен поддржувач, на што Пекинг силно се противи.