Политиката на Вашингтон е насочена кон замрзнување на конфликтот во југоисточна Украина, изјави директорот на Центарот за актуелна политика во Русија, Алексеј Чеснаков, за ТАСС коментирајќи ја интернет-конференцијата што ја водеше специјалниот претставник на САД за Украина, Курт Вокер.

-Судејќи според вчерашните изјави на Вокер, САД го поставија курсот за замрзнување на конфликтот во југоисточна Украина. Тврдејќи дека Украина не може да стори повеќе за спроведувањето на договорите од Минск, тој всушност побара од Киев да не прави ништо повеќе за да се усогласи со резолуцијата на ОН за Донбас. Вокер се обидува да го замрзне мировниот процес како и самиот конфликт, рече тој.

Според Чеснаков, откако го поддржа Петро Порошенко за време на изборите, Вокер очигледно беше изненаден кога неговиот кандидат претрпе комплетен неуспех. Тој е загрижен поради тоа што не го познава Зеленски доволно добро и стравува дека новиот украински претседател, како популист, ќе го послуша мислењето на народот и ќе ги спроведе договорите од Минск.

-Вокер има потреба од пауза за да изврши притисок врз Зеленски и да го убеди дека украинскиот народ погрешил и дека војната е всушност добра работа. За да се потврди дека Вашингтон не е заинтересиран за решавање на конфликтот, може да се спомене фактот дека американскиот државен секретар Мајк Помпео воопшто не го покрена украинското прашање на неодамнешните преговори во Сочи, додаде Чеснаков.