Администрацијата на Доналд Трамп, наводно, ќе распореди специјално обучени федерални агенти за заштита на американските споменици за време на празичниот викенд за 4 јули, пренесува „Њујорк пост“.

Агенцијата за домашна безбедност ќе ги испрати единиците во Сиетл, Портланд и со Вашингтон откако граѓанските немири поради убиството на Џорџ Флојд продолжија повеќе од еден месец.

– Претстојниот празничен викенд на 4 јули има потенцијал за зголемена детруктивна активност на одредени локации низ целата земја што може да ги загрози нашите вработени и сојузните објекти и имотот што тие го штитат – се вели во меморандумот, напишано од в.д. секретар на агенцијата, Чад Вулф.

Агенцијата ги подготвува своите тимови за брзо распоредување (РДТ) од  Единицата за заштита на американските заедници (ПАЦТ), кои вклучуваат полицајци обучени за управување со толпа и за контрола на немири.

Не е јасно колку агенти ќе бидат испратени во секој град и со каква опрема ќе бидат обезбедени за да се заштитат статуите од вандализирање. Дополнителни тимови ќе бидат за распоредување на други локации ако е потребно.

Планот е најнов потег во повеќестраниот пристап што претседателот Трамп го презеде за агресивно да ги потисне американските демонстранти кои уништија статуи на личности поврзани со ропството или расизмот низ целата земја.

Трамп минатата недела потпиша наредба во која ветува најостри федерални казни за оние што ќе бидат фатени како оштететуваат статуи. Наредбата исто така дозволува федералната влада да го ускрати финансирањето на локалните агенции за спроведување на законот ако тие не успеале да ги заштитат јавните споменици.

Трамп сподели фотографии на демонстранти осомничени дека се обиделе да урнат споменик на претседателот Ендрју Џексон во близина на Белата куќа претходно минатата недела. Демонстрантите го таргетираа седмиот претседател на САД, кој бил сопственик на робови и чијшто Акт за отстранување на индијанците наметна насилно, понекогаш смртоносно раселување на десетици илјади домородни Американци од нивните домови од повеќе милиони хектари индијанска земја во Џорџија, Тенеси, Алабама, Северна Каролина и на Флорида.

Освен тоа, јавниот обвинител Бил Бар во петокот објави дека формира нова владина работна група која се фокусира на антивладините екстремисти.