Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави нови акции на САД за поддршка на опозицискиот лидер на Венецуела Хуан Гваидо.

Помпео по средбата со Гваидо на маргините на собирот во Богота рече дека Венецуела под водство на Николас Мадуро е пропадната држава, пренесува „Ројтерс“.

Гваидо најави дека од Колумбија ќе патува во Давос на Светскиот економски форум.