Министерството за внатрешна безбедност на САД, бара на територија на воена база да бидат подготвени места за сместување 12.000 илегални имигранти со нивните семејства, вклучувајќи и деца, приведени во момент на нелегално преминување на јужната граница на државата, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори во администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Според извор, првите 2.000 места ќе се подготват во следните 45 дена, а останатите ќе бидат по потреба. Местата треба да бидат опремени според нормите утврдени од страна на американските власти, вклучително и тие за престој на деца. Предвидено е во нив да има клима, библиотеки, самостојни бањи со тушеви, како и медицински персонал. Спроведените таму ќе имаат слобода на движење низ кампот.

Засега не е прецизирано која воена база е избрана за целта.

Во понеделникот министерот за одбрана на САД, Џим Матис рече дека мигрантите можат да се сместат на две места: ВВ база „Гудфелоу” крај Сан Анџело и Форт Блис во Ел Пасо. И двете се во државата Тексас.