Меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД започна со опремување на нова воена база на северот на Сирија, пренесува агенцијата „Спутник“. Според руската новинска агенција, новата американска база ќе биде лоцирана во областа веднаш до границата меѓу Сирија, Турција и Ирак.
Агенцијата „Спутник“, повикувајќи се на информации на локалната сириска телевизија Хадат, посочува дека базата се гради во близината на градот Еин Давар во провинцијата Хасеке. Според пишувањата, американската база на Блискиот Исток доаѓа како резултат на промената на администрацијата во Вашингтон и најавите на Џо Бајден за враќање на Американците на светската геополитичка карта.
Од она што е познато, според најавите, локацијата каде што се гради новата воена инфраструктура на САД е североисточно од Сирија во регионот контролиран од Курдите „Сириски демократски сили“,
На тоа место Америка во минатото имаше изградено околу осум бази.
Според новинските извештаи, најголемите американски воени бази се сместени во Румејлан и во Шадада, области богати со нафта, кои со години се контролирани од Американците и од Курдите.