Соединетите Американски Држави ќе предложат создавање на меѓународни поморски сили за заштита на бродовите во Оманскиот Залив, во момент кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да најави нови економски сакнции за Техеран, јавува „Гардијан“.

Специјалниот советник во владата на Трамп за Иран, Брајан Хук, изјави дека се одржуваат разговори со сојузниците на САД по нападите на танкерите во Оманскиот Залив и дека тој верува оти е неопходно глобналната коалиција да ги заштити бродовите.

– Имаше премногу напади. Целата ситуација можеше да заврши со еколошка катастрофа и загуба на многу животи поради провокациите од Иран – изјави Хук.

Советникот за Иран додаде дека овонеделниот „Г20“ самит во Јапонија е одлична можност за преговори и создавање на овие меѓународни поморски сили.

Дури 17 земји имаа негативни последици од неодамнешните напади на такерите, изјави Хук, сметајќи дека формирањето на меѓународна сила би можела дипломатски да го изолира Иран и неговите сојузници, со што би ги предупредило за слични напади во иднина.

Иран негираа дека се одговори за нападите.