САД очекуваат да ја продолжат соработката со Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на барањето да ја искоментираат оставката на премиерот Зоран Заев по локалните избори.

– Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев – се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.

Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.