Најмалку 50 илјади Авганистанци се очекува да бидат примени во САД, изјави шефот на американското Министерство за национална безбедност.

Десетици илјади Авганистанци веќе пристигнаа во САД откако ги поминаа безбедносните проверки и се сместени во воени бази во земјата. Тие добиваат медицинска грижа, помош при поднесување на апликации за имиграција и други услуги кои имаат за цел да им помогнат да се населат во САД.

Повеќе од 120 илјади луѓе беа евакуирани од аеродромот во Кабул во мисијата за евакуација на американски и авганистански државјани кои им помагале на Американците.