САД соопштија дека силно ја осудуваат најавата на Турција дека ќе испрати брод за сеизмички испитувања во источен Медитеран.

САД ја обвинуваат Анкара за поттикнување тензии во регионот и намерно комплицирање на продолжување на преговорите со Грција.

– Присила, закани, заплашувања и воени дејства нема да ги решат тензиите во источниот дел на Медитеранот – рече портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус, пренесува „Ројтерс“.

Стејт департментот ја повика Турција да престане со оваа пресметана провокација и веднаш да започне прелиминарни разговори со Грција.