САД го предупредија венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека треба да му овозможи на опозиционерот Хуан Гваидо безбедно да се врати во земјата по неговата посета на Вашингтон.

– Се надеваме дека режимот ќе пресмета, особено по ова патување, дека поддршката за Гуаидо е толкава што секое делување против него ќе се сврти против режимот – изјави Елиот Абрамс, американскиот амбасадор во Венецуела.

Опозицискиот лидер, кого САД и повеќе од 50 држави го признаваат како легитимен преоден претседател, во неодамна изјави наскоро ќе се врати во Венецуела по посетата на повеќе земји. Гваидо вчера имаше средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а во средата во Белата куќа му беше почесен гостин на претседателот Доналд Трамп.