САД најверојатно нема директно да учествуваат во евентуална воена интервенција во Венецуела, изјави денеска амбасадорот на Венецуела во Русија, Карлос Рафаел Фариа Тортоса.

– Подготвени сме да ја браниме нашата татковина по секоја цена. Нашиот претседател (Николас Мадуро) е многу јасен во врска со тоа. Нема да дозволиме да не нападне која било земја, дури и ако е толку моќна како Соединетите Американски Држави, иако ние мислиме дека САД нема директно да учествуваат, изјави венецуелскиот дипломат за ТАСС.

Тој додаде дека претседателот на Венецуела настојува мирно да се реши моменталната тензична ситуација.

– Мора да се каже дека сценариото, во кое претседателот Мадуро цврсто верува, предвидува сите проблеми да ги решиме со мирни средства. Нашето сценарио и нашата желба е да го сториме тоа, истакна Фариа Тортоса.