САД нема да му дадат виза на иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џaвад Зариф, кој планираше во ОН со функционери од светот да разговара за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

САД ја образложија својата одлука со недостиг на време за обработка на барањето за виза за Зариф.Зариф, како одговор на одлуката на Вашингтон, ги обвини САД за кршење на договорот што го имаат со Обединетите нации. Тој потврди дека нема да добие виза за да одржи говор во ОН.