Соединетите Американски Држави формално ќе ги понудат своите кибер капацитети на НАТО ако тоа биде побарано од нив, изјави високата претставничка на Пентагон Кејти Вилбергер.

На последниот Самит на НАТО членките најавија дека ќе воспостават центар за операции во кибер просторот за да ги координираат кибер активностите на НАТО.

– Таа порака пред се е насочена кон Русија, рече Вилбергер.

Овој чекор, како што објасни таа, треба да појасни дека НАТО е способен да се спротивстави на руските кибер активности.

Американски разузнавачки експерти очекуваат многу дигитални напади во пресрет на изборите за Конгресот што ќе се одржат на 6 ноември.