САД се среде нерешени претседателски избори, но едно од ветувањата што претседателот Доналд Трамп му ги даде на американскиот народ стана официјално во средата откако САД и официјално се повлекоа од Парискиот климатски договор. Во моментот кога ја објави одлуката, Трамп тврдеше дека меѓународниот договор ќе им наштети на американската економија и работниците и неправедно ќе ја чини земјата повеќе финансиски од земјите кои се поголеми загадувачи, вклучувајќи ја и Кина.

– Со цел да ја исполнам мојата свечена должност да ја заштитам Америка и нејзините граѓани, САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор – рече Трамп.

„Асошиејтед прес“ извести за развојот, унапредувајќи го наративот дека климатските промени се научно докажани. Околу 189 земји остануваат посветени на Парискиот договор од 2015 година, кој има за цел да го задржи зголемувањето на просечните температури во светот под 2 Целзиусови степени, идеално на не повеќе од 1,5 степени во споредба со прединдустриските нивоа. Уште шест земји го потпишаа, но не го ратификуваа договорот.

Научниците велат дека секое покачување над 2 Целзиусови степени може да има разорно влијание врз големи делови на светот, подигање на нивото на морето, предизвикување тропски бури и влошување на сушите и на поплавите.

Парискиот договор бара земјите да постават свои доброволни цели за намалување на стакленичките гасови како што е јаглерод диоксидот. Единствено обврзувачко барање е нациите да треба точно да известуваат за нивните напори. Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден вети дека САД повторно ќе се приклучат на договорот ако тој победи на изборите.