Нуклеарните преговори меѓу Северна Кореја и САД се прекинати, соопшти главниот преговарач на Северна Кореја, Ким Мјонг Гил.

– Преговорите не ги исполнија нашите очекувања и на крајот беа прекинати – рекол тој пред новинарите пред севернокорејската амбасада во Стокхолм, Шведска.

Тој додал дека одлуката за прекин на преговорите е донесена поради тоа што САД не се откажуваат од нивните стари гледишта и ставови.

Делегацијата на Северна Кореја во четвртокот пристигна во Стокхолм на преговори на техничко ниво за денуклеаризација на земјата.