Двата најголеми производители на емисии на јаглерод во светот, Кина и Соединетите Американски Држави, соопштија дека се согласиле да ги удвојат напорите за борба против климатските промени. Во ненадејната изјава на климатските разговори на ОН во Шкотска, двете делегации велат дека нивниот договор вклучува „засилена климатска акција во 2020-тите“, која ќе ги користи насоките од Парискиот договор за климата од 2015 година.
Договорот од Париз предвидува поголеми намалувања на емисиите до 2025 година. Кина, исто така, вети дека ќе го следи водството на САД и ќе ја ограничи емисијата на метан, особено моќен стакленички гас. Договорот, исто така, повикува на „конкретни и прагматични“ регулативи за декарбонизација, намалување на емисиите на метан и борба против уништувањето на шумите.
– Двете страни признаваат дека постои јаз меѓу тековните напори и целите на договорот од Париз – рече кинескиот претставник Ксие Женхуа на прес-конференција.
Американскиот претставник за климата, Џон Кери, ја нарече декларацијата „чекор на кој можеме да се надоврземе за да помогнеме да се затвори јазот“ во однос на емисиите на јаглерод.