САД и Велика Британија денеска испратија заедничко предупредување на руски злонамерен кибернетички напад врз нивните администрации и инфраструктури.

– Мети на тој злонамерен кибернетички напад во главно се владите и организациите во приватниот сектор, снабдувачи на клучните инфраструктури и интернет провајдери – објавија во заедничко соопштение британскиот Нешенал Сајбер Секјурити Центер, американски ФБИ и полицијата.

Објавата на соопштението се случува во тензична атмосфера меѓу тие две земји и Русија. Вашингтон и Лондон го нападнаа сирискиот режим, сојузник на Москва, а Лондон ја обвинува Москва за труење на Сергеј и Јулија Скрипал на англиска територија.