Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денеска одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Јужна Америка, јавија дел од американските медиуми.

Според извори на Си-Ен-Ен, Матис се уште не одлучил за бројот на војници, но вчера се говореше за бројка од 800 војници.

Претседателот Доналд Трамп, ситуацијата со караванот мигранти, кој преку Мексико се приближува кон границата на САД, вчера ја оцени како „национална вонредна состојба“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Војската ќе бидат испратени на границата со Мексико за техничка поддршка на неколку пунктови долж границата. Исто така, армиските служби може да пружаат медицинска помош на граничарите во тој реон.