Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека САД се многу загрижени поради зголеменото производство на кока во Колумбија.

Тој наведе дека САД ќе работат со Колумбија за двојно да се намали продукцијата на кока до крајот на 2023 година.

Американскиот државен секретар истакна дека разговарал со колумбискиот претседател Иван Дуке Маркез и за кризата во соседна Венецуела, каде хиперинфлацијата и недостигот на лекови принудила повеќе од три милиони жители да ја напуштат земјата во изминатите неколку години, а повеќе од еден милион од нив сега живее во Колумбија.