Владата во САД донела одлука со која експресно ќе се забрза процесот на депортација на емигрантите без потребни документи, без да имаат право да застанат пред судија.

Согласно тоа, секој емигрант кој не ќе може да докаже дека се наоѓа на тлото на САД континуирано најмалку две години, ќе може веднаш да биде депортиран.

Уредбата денеска треба да стане официјална, а нејзино оспорување најави американскиот Сојуз за граѓански слободи.

Досега на итна депортација беа подложни само емигрантите фатени на територија до 250 километри од границата, кои на американско тло минале помалку од две недели. Мигрантите кои биле приведувани во другите делови на САД мораа да се изведат пред суд и имаа право на адвокат.