Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека САД ќе вратат околу 100 милиони американски долари на Министерството за финансии, првично наменети за проекти за енергетска инфраструктура во Авганистан и ќе задржат уште 60 милиони долари планирана помош за земјата, поради недостиг на транспарентност.

Помпео во изјавата рече дека САД ќе го завршат инфраструктурниот проект, но со употреба на, како што кажа, вонбуџетски механизам, притоа обвинувајќи го Авганистан за неможност транспарентно да управува со владините ресурси, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

– Поради идентификуваната корупција на авганистанската влада и лошото финансиско управување, американската влада враќа околу 100 милиони американски долари во Министерството за финансии кои беа наменети за голем проект за енергетска инфраструктура – објасни Помпео.

Американскиот државен секретар, во однос на тензиите со Иран, рече дека САД формираат коалиција за да ја одвратат оваа земја по нападот на саудиските нафтени објекти, но дека сепак сакаат мирно решение.