Министерството за финансии на САД воведе санкции кон Турција поради купувањето на рускиот ракетен систем за противвоздушна одбрана „С-400“, објави агенцијата Анадолија. Санкциите се насочени кон Турската канцеларија за одбранбена индустрија (СББ), нејзиниот лидер Исмаил Демир и уште три официјални лица. Во таа насока американскиот државен секретар во заминување Мајк Помпео изјави дека ССБ свесно учествувала во значајна трансакција со „Рособоронекспорт“, главната руска агенција за извоз на оружје, со набавката на ракетниот систем „С-400“.
– Санкциите вклучуваат забрана за сите дозволи за извоз на САД и овластувања на ССБ и замрзнување на имотот и забрана за издавање визи за Исмаил Демир, претседател на ССБ, и други претставници на ССБ – додаде тој.