Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против руски бизнисмени и компании за спроведување кибер напади и поддржување на руската армија и разузнавачките служби „со други злонамерни акции“.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкционира пет руски фирми и тројца нивни раководители согласно закон усвоен минатата година и претседателски указ за казнување на обиди за упади во американски компјутерски системи.

Санкциите вклучуваат замрзнување на средствата кои се под јурисдикција на САД и забрана за Американци да работат со санкционираните лица.